Плаќаат пат и ноќевање за посетителите за да го поттикнат турзмот


 

Остров во Италија нуди плаќање на половина од цената на авионската карта, како и ноќевање во хотел и влезници за атракциите, со цел да ги поттике турситите да дојдат.

Сицилија се обидува да привлече странски посетители на островот откако вчера (4 мај) завршија мерките за самоизолација.

Понудите, кои прв пат ги објави „Тајмс“, ќе бидат достапни на туристичката веб-страница на островот.

На секои три ноќи од престојот во хотел во Сицилија една ќе покрие островот, заедно со музејски и археолошки влезници.

Владата ќе користи 50 милиони евра за финансирање на оваа програма, додека губитоци од милијарда евра се пријавени за март и април.

Остатокот од Италија разгледува начини за повторно заживување на туристичката индустрија откако стана едно однајголемите жаришта на корона вирусот во Европа.