Плакати со провокативна содржина ги изреволтира Македонците во Австралија


Македонската заедница во Нов Јужен Велс во Австралија изрази длабока загриженост по повод плакати со расистичка и провокативна антимакедонска содржина залепени оваа недела низ Југозападен Сиднеј.

Како што објави на ФБ профилот Австралиско македонскиот совет на Нов Јужен Велс, пораките наводно биле ширени од десничарски групи и биле поставени пред училишта, цркви и други јавни установи. Случајот бил пријавен до надлежните власти.

Југозападниот дел на Сиднеј важи за место со богата култура каде живеат различни заедници, и имало за цел да предизвика анксиозност и непријатност помеѓу припадниците на заедницата кон која биле насочени навредите.

Сличен настан, наводно се случил минатата година во Викторија од неидентификувана група која вандализирала свето место со слични навредливи пораки.

-Ваквите случувања не служат за друга цел освен да предизвикаат тензии и недоверба и да создадат поделби меѓу заедниците и граѓаните, велат од Австралиско македонскиот совет на Нов Јужен Велс и при тоа повикуваат на смиреност, воздржаност и дијалог.