ПК „Бистра“: Планинарскиот дом на Водно нелегално доделен на Х2О
Планинарскиот клуб „Бистра“ попладнево излезе со реакција околу случувањата со планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно и спорот со Федерацијата за планинарство на Северна Македонија која објектот го додели на друг закупец.
Од ПК Бистра ја обвинуваат ФПСМ дека сака планинарскиот дом нелегално да им го одземе и да го додели на друг субјект кој ќе го комерцијализира.
– Досега не дозволивме објектот да се комерцијализира и да се претвори во ресторан недостапен за сите категории на граѓани. Воедно напоменуваме дека во истиот досега имаме вложено околу 50.000 евра сопствени средства меѓу кои изградба на тоалети за посетителите (не се во функција поради сопрена вода). Одговорно тврдиме дека ФПСМ нема денар вложено средства во домот, напротив од закупнината од домот и антените добива околу 7.000 евра годишно, додека трошоците околу домот ги сноси исклучиво ПСК Бистра. Иако во објавениот оглас на Федерацијата ИЗРИЧИТО СЕ БАРА да учествуваат ИСКЛУЧИВО планинарски клубови, ФПСМ го фаворизира новоформираниот клуб Х2О кој нема свои финансиски средства и доставува понуда во која пари за Домот понудува фирмата Милениумски Крст, сопственост на познат угостител од Скопје. За јавноста е важно да се напомене дека угостителот кој стои зад Милениумски Крст, А НЕ КЛУБОТ Х2О е тој што понудил 45.000 евра за Домот, а тоа го направил БЕЗ НИКАКВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА. Со таа постапка целата понатамошна постапка и одлуките донесени од органите на ФПСМ во врска со домот Даре Џамбаз СЕ НЕЛЕГАЛНИ стои во соопштението на ПК „Бистра“.
Оправдано се сомневаме дека домот ќе се претвори во ресторан и како доказ постои писмена изјава од сопственикот на фирмата и дека домот Даре Џамбаз ќе ја доживее судбината на планинарскиот дом Шесте чесми, кој беше даден на „користење“ на братот на сегашниот претседател на Федерацијата и претворен во ресторан ,Домот на глувонемите (претворен во ресторан КНА), како и некогашниот планинарски дом на Матка, претворен во ресторан), кој беше исто така продаден од страна на истите луѓе од раководството на ФПСМ. Истовремено, македонското планинарство во последните десетина години се соочува со огромна загуба на објекти наменети за планинарите, а Федерацијата досега нема инвестирано во ниеден дом во РМ, се додава во соопштението.
ПСК Бистра поднесе тужба до Управниот суд ( постапка во тек), претставка до општествениот правобанител и по последниот настан од 16.03.2021 год кога без судско решение и без наше присуство и без присуство на полицијата група предводена од Претседателот на ФПСМ Јовица Угриновски и поранешниот Претседател на ПСК Бистра Живко Темелковски направи насилен упад во домот (скршени брави –поставени нови) запленувајќи ни ги сите средства и целокупниот инвентар и роба. Во истиот момент без наше присуство и без попис на инвертарот и робата ФПСМ им го предал домот на Х2О. Во објектот ги затекнавме Х2О и ја информиравме полицијата за целокупниот настан за кое полицијата направи записник. За истиот настан ќе поднесеме кривична пријава до надлежниот суд и ќе ги информираме сите надлежни институции и амбасади во РМ. Се надеваме дека правото ќе завладее во РМ и почнатите процеси ќе го добиеме со што ќе се оствари нашата примарна цел обврска (завет) да го одбраниме бастионот на планинарите, рекреативците, љубителите на природата и домот Даре Џамбаз.
Сакаме да истакнеме дека ПСК Бистра нема ништо против да друг планинарски клуб од РМ го превземе понатамошно работење на домот кој ќе ја задржи досегашната функција како планинарски дом а не да се претвори во ресторан што е незамисливо за граѓаните и планинарите. А посебно не на ваков нелегитимен начин кој е спротивен на законите на РМ. Но, мораме да останеме доследни на нашите заложби, поддржани и од 2.654 граѓани кои се потпишаа на петицијата Даре Џамбаз да остане планинарски дом, а не комерцијален угостителски објект, порачуваат од раководството на планинарскиот клуб „Бистра“.