Пиволенд од вечерва во Паркот на Франкофонијата во Скопје со домашни изведувачи

Вечерва (21 август) во Паркот на Франкофонијата во Скопје почнува 14-то издание на фестивалот Пиволенд кој ќе трае до 23 август.
Вечерва настапуваат диџеј Чарли, „Деј оф“, Бени и „Нон стоп“ и диџеј Галовски.
Утре, (22 август), свој сет ќе има диџеј Вера Јанковиќ, метал бендот „Мамут“, „Паркети“, „Куку леле“ и диџеј Александар Јордановски. На 23 август фестивалот се отвара со млади бендови, па следуваат „Контра план“, панк бендот од Србија „Сикс пак“, Дани Димитровска (фото), „Пауза за ракија“ и диџеј Димитри од Чаир. Покрај пивото, ќе има и штандови за храна.