Писателот Александар Прокопиев ќе гостува на саемот на книга во Риека


Писателот Александар Прокопиев ќе биде гостин на 12. Саем на книгата и книжевниот фестивал на автори „Врисок“ кој од 12 до 19 мај ќе се одржува во Риека, Хрватска. Во рамки на саемот, на 14 мај ќе биде претставен хрватскиот превод на неговата книга „Човечулец“.

– Човечулецот се движи низ Европа, веќе стапна во Азија и Африка, но мене, како на автор, ми е најдраго кога патува и се препознава низ нашиот регион, вели Прокопиев за книгата „Човечулец“ која неодамна беше претставена и во рамки на циклусот „Словенска фантастика“ што секоја среда се одржува во белградската Универзитетска библиотека „Светозар Марковиќ“.

На книжевниот фестивал „Врисок“ во Риека ќе бидат преставени дела на триесетина значајни регионални автори, меѓу кои Слободан Шнајдер, Клаус Детлеф Олаф, Зоран Предин, Боривој Радаковиќ, Срѓан Воларевиќ, Ласло Вегел.

2019-05-08 10:35:59, од Хатка Смаиловиќ