Писателите денеска треба да изберат претседател на ДПМ
Во просториите на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска треба да се одржи вонредното изборно собрание, кое претходно беше закажано на 25 ноември 2023 година, но не се одржа поради немање кворум за работа.
За оваа седница останува важечка кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ.
Од четворицата кандидати за претседател на ДПМ, досега се откажаа тројца: Блаже Миневски на 22 јануари, Живко Грозданоски ја повлече својата кандидатура на 20 ноември лани, поради друг личен ангажман, а Гоце Ристовски се откажа на 13 ноември, поради разединетост на членството.
Писателот Блаже Миневски преку соопштение образложи дека ја повлекува кандидатурата поради непроменетата состојба во врска со избирачкиот список, начинот на (не)информирање на членството и неисплатените патни трошоци на членовите од внатрешноста што присуствуваа на вонредното собрание.
За претседател на Собранието на ДПМ, кандидатурите ги повлекоа Стефан Марковски и Иван Антоновски.