„Пипл“ ја избра Деми Мур за најубава жена во 2025


„Пипл“ ја избра Деми Мур 962) за најубава жена на светот во 2025. 

Од 1990 година, овој магазин ги избира најубавите луѓе во светот со цел на читателите да им ги приближи познатите личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со својот пример. Преку овој престижен избор низ годините беа претставени бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои и првата ѕвезда од насловната страница – Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.

По огромниот успех во хорор филмот „The Substance“, во кој толкува жена опседната со вечна младост, Деми за „Пипл“ прозборе околу нејзиниот поглед на убавината.

 

„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, рекла Мур.

Деми, исто така, истакнала дека, по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно нашла поздрав и порелаксиран однос кон сопственото тело и живот. Таа изјавила дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидеме свои и со љубов да се грижиме за себе.

Мур, годинава првпат беше во трка за Оскар за најдобра женска улога, но и покрај предвидувањата не го освои. Сепак, пред доделувањето на Оскарите, за истата улога доби Златен глобус. Зад себе има три брака: со Ештон Качер ( 2005–2013), Брус Вилис (1987–2000) и Фреди Мур(1981–1985). од бракот со Вилис, има три ќерки. 

Минатата година оваа ласкава титула ја освои актерката Софија Вергара (51).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


  •