„Пипл“: Џон Леџенд е најсексапилен маж за 2019


САД- Американскиот пејач и актер Џон Леџенд, е прогласен за најсексапилен маж изборот на списанието “People”.

Леџенд е оженет со манекенката Криси Тајген, со која има две деца.

Тој е прв Афроамериканец кој за својата работа ги обединил наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.

“Возбуден сум, но во исто време и малку исплашен бидејќи притисокот е голем. Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула”, рекол Леџенд за “People”?

Минатогодишен победник беше британскиот актер Идрис Елба.