„Пипл“: Џенифер Гарнер е најубава жена за 2108


САД– Актерката Џенифер Гарнер (47), мајка на три деца, е најубава жена за 2018 година, според „Пипл“.

Оскаровката и екссопруга на Бен Афлек,  ја краси насловната страница на списанието и тоа во своето омилено издание – без шминка, а во разговорот ги открила и тајните на својата безвременска убавина. По сè изгледа, најзаслужни за нејзиниот младешки изглед се токму нејзините деца: 13-годишната Вајолет, 10-годишната Серафина и 7-годишниот Семјуел .

“Штом се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја отстранам шминката од лицето, да ја врзам косата во реп и да ставам очила. Тоа им е моето омилено издание и за мене тоа е комплимент”, вели Гарнер која неодамна и во интервју за “Харперс Базар” открила дека приватно воопшто не носи шминка.

Во разговор за “Пипл” открила и дека титулата на најубава жена во 2019 година ја изненадила бидејќи никогаш не се чувствувала како убавица ниту размислува за себе на тој начин, но секогаш била задоволна од себе и смета дека токму затоа и другите ја доживуваат како многу поубава.

Лани, за најубава беше прогласена поп-ѕвездата Пинк.