Пионерка во се: Таа може да биде првата претседателка во инвалидска количка


 

Светот чека Џо Бајден да избере уште еден демократски кандидат на претседателските избори во 2020 година. Ако тој избор падне на сенаторката од Илиноис, Теми Дакворт, тоа не само што ќе значи дека оваа воена ветеранка прв пат ќе се најде на листа, туку таа би била и прва кандидатка која користи инвалидска количка.

Тоа што е прва во непто не е ново за Дакворт Таа беше прва Тајланѓанка избрана за Конгресот, прва жена со инвалидитет во Конгресот, прва жена со двојна ампутација на нозете во Сенатот, и прва сенаторка која роди дете додека беше на функција.

Користи инвалидска количка од 2004 година откако ги изгуби двете нозе во воздушен напад во Багдад каде служеше во американската војска.

Нејзината приказна за упорноста секако инспирира но нејзиното присуство на овие избори е уште побитна ако се знае дека актуеланиот американски претседател на САД, Доналд Трамп има историја за потсмевање на лицата со инвалидитет.

Лицата со инвалидитет ретко се прикажуваат во медиумите, покрај фактот што во САД 15 отсто од населението е со некаков инвалидитет, а Дакворт многу придонесува за нивната видливост.

https://www.instagram.com/p/CDjqCwjn9U6/?utm_source=ig_embed