Пилоти ги служат патниците во „ИсландЕр“, стјуардесите отпуштени


Исланд– Исландската национална авиокомпанија „ИсландЕр“ одлучи да ги отпушти сите стјуардеси и стјуарди, со цел да ја спаси компанијата од финансиски проблеми предизвикани од новиот коронавирус, а од денеска наместо нив, пилотите ќе ги служат патниците.

– Сепак пилотите нема да губат многу време на туркање колички низ авионот, нудејќи пијалок и храна, бидејќи таа услуга поради вирусот е намалена на минимум, соопшти „ИсландЕр“, што претставува одлука без преседан, според која, дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во авионот.

Како што пренесуваат медиумите, засега е нејасно како пилотите успеале за два дена да се подготват за новата улога, бидејќи одлуката за отказ на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долгите неуспешни разговори со синдикалните претставници.

Бизнисинсајдер наведува дека се уште не е познато дали таквата замена на улогите е дозволена во регионите во кои сообраќа „ИсландЕр“, вклучувајќи ги САД и ЕУ.

Авиокомпанијата „ИсландЕр“ е основана во 1937 година.