Пике застана во одбрана на Валверде


Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике истакна дека не секој тренер може да освои исто толку титули во само две сезони, како што тоа го има направено предводникот на каталонскиот тим Ернесто Валверде.

  • Неколку тренери освоија две титули и еден куп во првите две сезони. Тој е сериозно критикуван за испаѓање во плеј-офот во Лигата на шампионите, но има огромно искуство и мислам дека не треба да се грижи. Имаме многу ветерани во тимот и ќе му помогнеме да направи чекор напред. Во сабота, имаме многу тежок натпревар во Хетафе, и време е да победиме на гостински терен, изјави Пике.

После шест кола во шампионатот на Шпанија, Барселона го зазема 5. место со 10 бода и покрај тоа што најголемиот број на екипи ги немаат одиграно средбите од оваа рунда.