Пике ќе му плати на Хамилтон 950.000 долари поради навреда


Поранешниот светски шампион и легенда во Формула 1, Бразилецот Нелсон Пике ќе мора да плати казна од 950.000 долари поради расистички навреди кон Луис Хамилтон.

Бразилскиот суд го казни Пике за интервју од 2021 година кога употреби навредливи зборови за возачот на Мерцедес и поранешен светски шампион.

Пике за седумкратниот светски шампион го навреди во интервју во ноември 2021 година, коментирајќи ја несреќата на Хамилтон на Британското ГП со Макс Ферстапен.

Бразилецот преку својата избраничка подоцна испрати извинување до Хамилтон, но и покрај тоа британскиот возач не се откажа од тужбата и на крајот беше пресудено во негова корист.

Во кариерата Пике успеа да освои три титули во Формула 1 и тоа во 1981, 1983 и 1987 година. Последен пат на трка учествуваше во 1991 година.