Пике го поткачи Реал: Колку пати имав секс минатиот месец? Дали се смета и она на „Бернабеу“?

Се започна како преписка преку Твитер, Жерар Пике самиот се повика во шпанската телевизиска шоу програма „Ла Ресистенсија“ кај Давид Бронсан, а на крајот таму и гостуваше. Имаше неколку интересни прашања, даваше уште поинтересни одговори, ги поткачи најголемите ривали, но тоа е и суштината на емисијата од овој тип.

Имаше провокативни прашања. На пример, колку пати имал секс минатиот месец? Одговорот на Пике привлече огромно внимание…

„Дали она на ‘Бернабеу’ се смета?“, запраша Пике, што предизвика голема смеа меѓу гледачите.

Секако, алудираше Пике на онаа победа од 3:0 во Кралскиот Куп и 1:0 четири дена подоцна во Ла Лига против „Кралевите“ во Мадрид.

Во овој разговор Пике, кој освои седум шампионски титули во Ла Лига и три Лиги на шампиони, говореше и за тоа колку пари заработил досега играјќи фудбал.

„Имам повеќе пари отколку што изнесува буџетот на Еспањол за оваа сезона. Не, не само 57.000.000 евра. Многу повеќе од тоа“, го поткачи Пике и градскиот ривал.

Кога зборуваше за парите, Пике се осврна и на поранешниот соиграч Златан Ибрахимовиќ.

„Тој е човек кој ги сака парите повеќе од било што друго на светот. Ни кажа еднаш: ‘Парите не се најважната работа на светот’. Не рековме ништо, а потоа додаде: ‘Да се има многу пари е најважната работа на светот’“, наводно тогаш рекол Ибра.

За тоа како се шегува Лионел Меси…

„Меси има многу ироничен хумор. Тој е еден од најголемите „тролови“ кои ги познавам, што може да се види во нашата „WhatsApp“ група.

Може Меси, а и Пике да се шегуваат кога Каталонците имаат 10 бода повеќе од Атлетико Мадрид на 10 натпревари до крајот на шампионатот.