Петте универзитети бараат потпишување на колективните договори, за да им се зголемат платите како на колегите од УКИМ


Петте државни универзитети реагираат на дискриминацијата што им ја направија Собранието и Владата, во врска со колективниот договор, според кој платата се зголемува за 22% само за јавниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ а не и за други јавни универзитети во земјава.

Од таму велат дека имаат  реакција на вработените и членовите на Синдикатите на нивните Универзитети настаната со непотпишувањето на Колективните договори.

„Имено, иницијативата за потпишување на Колективните Договори е започната, односно  Предлог-текстот на Колективните договори од сите јавни универзитети се доставени  до Собранието на Република Северна Македонија многу пред распишување на парламентарните и претседателските избори, па како синдикални претставници  сметаме дека неоправдано и не по наша вина не се истите потпишани со основачот Собранието на Република Северна Македонија“, велат претставниците од петте универзитети. 

Бараат најдоцна до 08.03.2024 година да се заврши постапката и да се  пристапи кон потпишување на Колективен договор со секој универзитет поединечно. 

„Истовремено, укажуваме дека со непотпишувањето на Колективните договори вработените од другите јавни универзитети се ставаат во нерамноправна положба по  однос на правата, особено во делот на платите и надоместоците. Заради што сметаме  дека неоправдано сме дискриминирани. Ја повикуваме Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република  Северна Македонија активно да се вклучи во решавање на овој проблем, бидејќи на  овој начин се кршат основните темелни вредности и уставното начело на еднаквост и  недискриминација на граѓаните. Бараме во најкус можен рок прием кај Претседателот на Владата на Република Северна  Македонија, Талат Џафери за запознавање на истиот со нашата состојба. 

Ако не бидат испочитувани нивните барања, најавуваат и јавен протест. 

На соопштението потпишани се петте синдикати на универзитети од Штип, Тетово, Битола, Скопје и Охрид.