Петта сезона по ред, Левандовски постигнува најмалку 40 голови за Баерн


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, постигна гол од пенал на дуелот со Унион Берлин што е во тек.

За 31-годишниот полски фудбалер ова беше 40-ти погодок во сезоната за минхенскиот клуб. Тој постигна 26 голови во германскиот шампионат, 11 во Лигата на шампионите и три во Купот на Германија.

Така, Левандовски стигна до 40 или повеќе голови за Баерн петта година по ред. Тој беше најефикасен во сезоната 2016/17 кога даде 43 гола.