Петрушевски: Мицкоски во САД оствари државен успех


Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму папагалски повторуваат дека премиериот Христијан Мицкоски бил единствен лидер од регионот  што бил на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, па и дека бил единствениот политичар, како да не читаат вести и не знаат дека таму беше и Кирил Петков. Така, на денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски продолжи со истата реторика тврдејќи не само дека бил на инаугурацијата туку и остварил државен успех.

„Претседателот Мицкоски во САД оствари државен успех. Тој е прв премиер на државата кој присуствувал на инаугурација на американски претседател, а воедно  и единствен политичар од Балканот во моментот кој беше во Вашингтон на настанот оваа година.Покрај големата чест која Македонија ја има со тоа, претседателот ја искористи посетата да се види со значајни личности од американската политика и нормално бизнис заедница.Остварени се средби со Крис Павловски, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф, Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби.На овие средби е разговарано за поддршката на САД за Македонија, како и за инвестицискиот потенцијал на нашата држава и отвореноста за економска соработка.Ефектот од овие средби допрва ќе се гледа во Македонија, како политички, така и економски“ , нагласи Петрушевски.