Петровска: Законот за поништување на законот за попис на ВМРО-ДПМНЕ е политичка манипулација


Пратеничката група на СДСМ смета дека денеска поднесениот Предлог закон за поништување на Законот за попис, по итна постапка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува обид за политичка манипулација и дека тоа не може да влијае на процесот на попишување.

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во изјава за медиумите рече дека пописот е во тек и оти Државниот завод за статистика и другите институции ги спроведуваат своите активности.

– Законот за попис кои денеска го поднесоа колегите е само уште еден обид за манипулација. На секој правник кој го чита и Уставот и Деловникот на Собранието, му е јасно дека немаше потреба за собирање потписи надвор од процедура и дека доволно беше само еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ да поднесе Закон, рече Петровска.

СДСМ, потенцираше таа, нема да повика на враќање со иста мера.

– Нема да повикаме на 300.000 потписи со кои граѓаните ќе покажат дека сакаат попис бидејќи сакаат иднина, рече Петровска.