Петровска им оддаде почит на загинатите херои во Куманово


Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска им оддаде почит на вечните почивалишта на загинатите херои кои загинаа пред пет години во Куманово.

– На овој ден, граѓаните на Европа го слават Денот на Европа, а ние со тага се присетуваме на 9 мај 2015 година, пред пет години кога загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ Нека им е вечна славата! И после пет години останува тагата за овие наши сограѓани, пријатели, колеги, роднини, зошто припадниците на МВР ги загубија своите животи. Секоја неправда има име и презиме, и ова злосторство има име и презиме. Никогаш да не се повтори, се вели во соопштението од Министерството.