Петриња погодена од невреме, а уште се опоравува од земјотресите

 

Големо невреме го зафати континенталниот дел на Хрватска утрово, а откорнати се дрвја, оштетени куќи, уништени автомобили.

Невремето се случи денеска претпладне околу Сисак, Пожега, Вировитица и Загреб, при што остави зад себе оштетени објекти, паднати стебла, што прават проблеми во сообраќајот.

Најтешко било во подрачјето на Петриња, каде паднал и град, а куќите оштетени од земјотресите, дополнително се оштетени од невремето.

Оштетен е и покривот на црквата Свели Ловро, а многу домаќинства остналае без електрична енергија. Оштетен е и кампот на петринското капалиште.

На терен се противпожарни екипи кои треба да ги санираат штетие и да го нормализираат сообраќајот.

Невремето во Кутина однело дел од покривот од спортската сала.

Центарот за помош, денеска преку бројот 122 примило повици од граѓани околу 11.40 часот, јави Цивилната заштита.

Во моментот во тек се повеќе од 20 интервенции.

По пеколните горештини деновиве, во Хрватска се најавуваше промена на времето, а на места има жолт аларм од обилен дожд и силен ветар. За цело приморје пак на сила е портокалово предупредување, што од горештини, што поради невреме. Далмација е пак под црвен аларм од горештини.