Петковски: Се повлекувам од лидерското место во НСДП, но не и од политиката


Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата.

-На 4.јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“.

Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста за водење на партијата.

Петковски е поранешен потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ.

НСДП во Собранието е претставена од двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска.