Петков: Посетата на Скопје беше огромен успех


Кирил Петков и Стево Пендаровски не разговарале за ОМО „Илинден“

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во тамошното Народното собрание.

„Од една страна подадовме рака, прво отидовме таму, од друга страна тие испратија нота до ОН што се надевавме дека ќе ја добиеме две години. Оваа нота е многу поважна од само кратко и долго име. Оваа нота вели дека РС Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија, многу е нормално да го кажат тоа, но за оваа нота е разговарано, зборувано, преговарано од нас и се оствари само затоа што направивме нов пристап“, изјави Петков.

Според него, работните групи ќе разговараат за дел од историјата во која владеел фашистички режим низ Европа и како тоа се одразило на територијата на денешна Република Северна Македонија.

„Повеќе од ова, историската комисија мора да навлезе во детали. Многу поважно од ова е што се обединивме да имаме авиолинија од Софија до Скопје за 60 дена. Тоа ќе се направи на најтранспарентен начин“, рече Петков, објави БГНЕС.