Петков му рекол на Вархеи дека се важни резултатите, а не роковите со Македонија


 

Бугарскиот премиер Кирил Петков на средбата во Брисел го запознал еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи за резултатите што биле постигнати во новиот дијалог со Македонија. Како што соопштува прес-центарот на бугарската влада, „премиерот Петков истакна дека резултатите, а не роковите се клучни, и изрази надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за заемно прифатливи решенија за политичките прашања. Премиерот рече и дека очекува со помош на ЕК да се постигне напредок во реформите во областа на човековите права“.

Петков е во Брисел каде ќе учествува на состанокот на Европскиот совет, како и на Самитот ЕУ-Африканска унија. Францускиот претседател Емануел Макрон на маргините на самитот разговарал со Петков и за спорот меѓу Бугарија и Македонија.

„Претседателот на Француската Република го охрабри продолжувањето на дијалогот за изнаоѓање решение за спорот што ќе овозможи официјално отворање на преговорите за членство за Македонија и Албанија“, информираат француските дипломати за МИА. 

Франција во моментов претседава со Европската унија.