Петков го отфрли предлогот на Борисов владата да се изјасни за Македонија


 

Бугарската влада го отфрли предлогот на поранешниот премиер Бојко Борисов да го одобри предлогот француското претседателство за кревање на ветото во ЕУ, а потоа таа одлука да се достави до собранието каде што ќе добие поддршка од 59 пратеници на ГЕРБ.

Во изјавата шефицата на кабинетот и владина портпаролка Лена Бориславова за бугарски „Дневник“ таа рече дека премиерот Кирил Петков немало да отстапи од она штго подолего време го најавува – дека за одлуката за Македонија мора прво да помине низ собраниската комисија за надворешна политика, потоа на пленарна седница, каде што ќе добие широка поддршка, а потоа преку владата. Со ваквиот став Петков сака да не преземе никаква одговорност за можното кревање на ветото, туку сето тоа да им го остави на пратениците.

Бугарските медиуми пишуваат дека ваквиот пристап на Петков е многу спорен, бидејќи според уставот надворешната политика на Бугарија ја води владата, а не собранието. Но, премиерот Петков го зазеде политичкиот курс на обратен редослед по честите обвинувања на партијата на Слави Трифонов за двојна политика во спорот за Македонија, обидувајќи се да покаже максимална транспарентност. Петков доби критики за ваквиот пристап и од претседателот Румен Радев.