Петиција: Да се прекине струјата и водата за зградите во сопственост на Русија
Повеќе од 500 луѓе потпишаа петиција со која бараат да се прекине снабдувањето со електрична енергија, вода и топлина на сите згради во Прага во сопственост на Русија, вклучително и оние што ги користат московските дипломати, како одговор на руските масовни ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура.Потписите се собираат од чешката група наречена Оружје за Украина.
„Во текот на изминатите неколку недели, украинските градови и села беа погодени од ракетни напади без преседан“, соопшти групата која стои зад кампањата.
Групата „Оружје за Украина“ додаде: „Главните цели беа електрани, топлани и системи за вода. Оваа нова фаза од војната имаше катастрофални последици за секојдневниот живот на цивилите. Без струја и вода се лишени станови, училишта и градинки, продавници и фабрики, но и болници“.
Групата ги повика „државните и приватните дистрибутери на енергија да им дадат на руските дипломати во Прага вкус на сопствениот лек“.
„Бараме сите згради во сопственост на Русија да бидат исклучени од гас, вода и струја“, се вели во соопштението.Да и дадеме на руската амбасада во Прага вкус на сопствениот лек. Да им покажеме на руските дипломати какво е чувството да се мрзне ноќе, како што мрзнат жителите во Киев, на пример“, напиша на социјалните мрежи еден од иницијаторите на петицијата, Мартин Ондрачек.