Петар Грашо откри дека бил позитивен на коронавирус


Хрватска- Регионалната поп-ѕвезда Петар Грашо, омилен на македонската публика, е без работа поради пандемијата на коронавирус во последните неколку месеци, како и неговите колеги. Концертите и настапите беа откажани, а самиот пејач го прележал коронавирусот, а тоа го објави на својата официјална веб-страница.

„Тоа беше пред три недели. Имав благи симптоми, така што немам што да кажам“, потврди Грашо за „Слободна Далмација“.

На својата официјална веб-страница, Грашо напиша дека здравјето е приоритет во моментот, и тој ги одложува сите концерти до ново известување.

Неговите настапи станаа се поретки, а оваа година, откако пандемијата на коронавирус зема замав, пејачот настапи на празен перистил по повод празникот Свети Дује.

„Јас сум дете на Сплит. Сплит е мојот дом, без оглед на тоа што минав многу малку време во него последните дваесет години. Како што обично се случува, различни околности диктираат различен животен план, така се случи еден од најчудните и на некој начин најубавите концерти во мојата кариера, а сепак концерт без ниту една личност во публиката“, рече тогаш Грашо.

Грашо е во подолга врска со колешката Данијела Мартиновиќ.