Петар Богојески ќе покрене кривична пријава против Деркоски и Спасовски


Петар Богојески од „Македонски концепт“ денес ќе покрене кривична пријава против претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, и премиерот Оливер Спасовски затоа што не обезбедуваат почеток на кампањата и законско одржување на изборите.

Според Богојески, кој денес сепак ќе најави почеток на својата политичка кампања, за изборите решава Уставот, а не некаква лидерска средба која како институција не постои во нашиот политички систем.

За него уредбата со која се одложија изборите е јасна и таа предвидува продолжување на изборниот процес веднаш по престанувањето на вонредната состојба.

Според него, Деркоски треба да биде приведен за попречување на изборите во Македонија.