Пет тинејџерки завршија в болница откако со „порше“ излетале од коловозот


Пет тинејџерки завршија в болница, откако ноќеска со „порче“ излетале од коловозот, според денешниот сообраќаен билтен на МВР.

Настанот се случил во три часот утрово, на крстосница од улица „Симеон Кавракиров“ и улица „Венијамин Мачуковски“.

„Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Венијамин Мачуковски“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(19) од Скопје, излетало од коловозот“, стои во билтенот.

Од МВР додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц. и сопатничката С.П.(18), а со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички Ј.М.(18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18) сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.Ц., која управувала со возилото и сопатничката С.П.(18). Полесни повреди имаат три сопатнички Ј.М. (18), Е.Б.(18) и АМ.К.(18).