Пет ракометари на Вардар имаат Ковид-19, натпреварите одложени


Актуелниот европски и македонски првак Вардар, повторно е под притисока на коронавирусот, откако пет негови ракометари биле позитивни на тестовите.

Еден од ракометари се пожалил на зголемена телесна температура, не посредно по враќањето од Полска каде Вардар го одигра мечот со Кјелце. Ракометарот добил позитивен тест, а клубот веднаш ги тестирал другите ракометари, членови на стручниот штаб и логистиката, по што добил нови четири позитивни случаи меѓу играчите

Од клубот експресно ја известија Европската куќа на ракометот (ЕХФ), која веднаш ги одложи мечевите со Пари Сен Жермен, односно Порто. Нов термин за дуелот со ПСЖ во Скопје е 1-ви декември, додека мечот со Порто во Португалија ќе се одигра на 4 декември.

Вардар после пет одиграни мечеви во фазата по групи во ЛШ има една победа, едно реми и три порази, и се наоѓа на шестата позиција на табелата.