Пет мртви деца најдени во Германија, за убиствата се сомничи мајката


 

Германската јавност е потресена од веста дека во градот Солинген, во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, најдени се пет мртви деца.

Децата се најдени во приватен стан, рече во четвртокот портпаролот на полицијата во Вупертал, пренесе Куриер.

На медиумите не им е откриено кој ги нашол телата, а во момеентот не се откриваат ни податоци за причините за нивната смрт или осомничени.

Како што јавува Солингер Тагеблат, бројни полициски сили се на терен, а истрагата е во тек.

Според високотираѓниот Билд, за смртта се сомничи 27-годишнаѕа мајка, која наводно ги убила децата на возраст од 1, 1, 3, 6 и 8 години, а потоа се обидела да изврши самоубиство.

Се наведува дека жената скокнала пред забрзан воз, но преживеала. Жената е тешко повредена, и се наоѓа под полициска заштита.

Билд пишува и дека полицијата била известена за немилиот настан од бабата, кај која останал најстариот внук на возраст од 11 години.