Пет млади излегле да се забавуваат во Велс, пронајдени се три тела


Велшката полиција објави дека пронашла три тела и двајца повредени кои итно се пренесени во болница. од полицијата претходно ги замолија граѓаните кои имаат корисни информации за исчезнувањето на петтемина млади кои последен пат се видени во автомобил „тигуан“.

Софи Русин (20), Ив Смит (21) и Дарси Рос (21), сите од Њупорт во Јужен Велс, последен пат се видени за време на ноќно излегување во Кардиф, ноќта меѓу петокот и саботата. Трите девојки биле во друштво со две момчиња, Рафаел Џин (24) и Шин Лафлин(32), двајцата од Кардиф, кои исто така се пријавени за исчезнати.

Полицијата уште не го потврдила идентитетот на исчезнатите.

„Во текот на потреагата по петтемина исчезнати, полицајците го пронашле автомобилот во кој последно биле видени, на подрачјето на кардиф“, вели полицискиот портпарол.

„Волксваген тигуан е пронајден по полноќ во понеделникот. Се верува дека авотмобилот учествувал во сообраќајка и дека излетал од патпт A48. Тројца од оние кои се пријавени за исчезнати пронајдени се мртви, а двајца се пренесени во болница со тешки повреди“, додава тој.