Пет хороскопски знаци кои најлошо се облекуваат: На нив и „прада“ изгледа како да е од пазар


Откријте кои хороскопски знаци се „оперирани“ по вкус. Дури и најскапите парчиња облека во нивните раце изгледаат евтино и кич.

Хороскопот често знае да открие некои доблести, но и некои маани за кои не сме ни свесни. Како, на пример, кои се нашите најлоши квалитети, кој е нашиот идеален партнер за интимни врски, колку и дали воопшто знаеме да „се справиме“ со парите, како и дали имаме вкус кога станува збор за облекување или сме „изгубена причина“…

Еве кои знаци се целосно лишени од чувство за стил според астролозите.

5. Рак

Следењето трендови е целосна непозната за овој хороскопски знак! Раковите обично не сакаат многу да размислуваат за изборот на крпа, тие претпочитаат докажани модели за кои знаат дека им изгледаат убаво, без разлика дали се модерни или не. Помеѓу стилот и удобноста, тие секогаш ќе го изберат второто. Бидејќи не ги следат трендовите, облеката им трае долго, па често ќе ги видите во некое апсолутно застарено парче…

4. Девица

Претставниците на овој знак немаат дефиниран стил. Ќе го купи најмодерното нешто во продавницата и ќе го комбинира со стари и излитени модели, без да размислува премногу. Исто така, треба да се има предвид дека се прилично скржави кога е во прашање шопинг, па не е чудно што прават невкусни комбинации на стари и нови трендови.

3. Скорпија

Скорпиите имаат спротивен проблем во споредба со Девиците – купуваат се и сешто што ја носи етикетата „нова колекција“. Ако претставниците на овој хороскопски знак се облекуваат модерно, тогаш тоа често се прави на работ на кичот и невкусот. Друг проблем кој е типичен за претставниците на овој знак е тоа што тие не разликуваат и не ја чувствуваат тенката линија помеѓу заводливо и вулгарно. Со нив се е претерано.

2. Риби

Кога не знаат како да опишат стил на Риби, луѓето обично велат дека се „еклектични“. Во реалноста, тоа значи дека ќе натрупаат се и сешто, од патики до свилена кошула до широки панталони. Не ја следат модата, а облеката ја избираат според тоа како се чувствуваат во тој момент. Ако „се симнаа на левата нога“, очекувајте експлозија од бои и материјали кои немаат врска еден со друг!

1. Лав

„Повеќе е помалку“ дефинитивно не важи за нив! Припадниците на овој знак сакаат да блескаат, дека сè околу нив светка и сјае. Ако имате пријателка која се појавува на лежерно попладневно кафе во маица со светки, веројатно е родена во знакот на Лав. Тие едноставно не можат да одолеат на нагонот да се истакнат, дури и ако се свесни дека привлекуваат внимание на негативен начин.