Песков: Секое мешање однадвор во Белорусија е неприфатливо


Русија смета дека секоја странска интервенција во ситуацијата во Белорусија е неприфатлива, верувајќи дека Белорусите можат сами да ја решат ситуацијата, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

-За жал, ние сме сведоци на обиди за такво (странско) мешање. Сметаме дека таквото мешање е неприфатливо, рече Песков пред новинарите.

„Сакам да повторам, ние поддржуваме ситуацијата во земјата да остане во законските граници. Народот на Белорусија мора да ги реши своите проблеми во овие законски граници и преку дијалог“, рече Песков.

Москва ја гледа ситуацијата во Белорусија како „внатрешна работа на оваа земја“, рече Песков, пренесе БГНЕС.