Песков: Русија никогаш никому не се мешала во изборен процес


Русија никогаш не се мешала во предизборни кампањи на други земји и нема да толерира странско мешање во своите внатрешни работи, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го извештајот на Разузнавачкиот и безбедносен комитет на британскиот Парламент.

– Русија никогаш не се мешала во изборниот процес во САД, Велика Британија или која било друга држава, истакна Песков.

– Дури и ако овој извештај содржи некои неосновани обвиненија, се обложувам дека дури и ако постојат обвинувања, за нив нема да има основа, тие ќе бидат неосновани, заклучи Песков.

Русија се вмешала во референдумот во Шкотска во 2014 година, а британската Влада пропушти да побара темелна истрага за евентуална директна вмешаност на Кремљ во гласањето за Брегзит, соопшти Комисијата за безбедност и разузнавачки работи при британскиот Парламент.Во денешното соопштение се наведува дека Комисијата дошла до веродостојни коментари од независни извори кои укажуваат на тоа дека Русија презела активности за да влијае на исходот од референдумот во 2014 година во Шкотска.

Исто така, во соопштението на парламентарната Комисија се наведува дека врз основа на информации од добро информирани, веродостојни независни извори, може да се претпостави дека Русија настојувала да влијае на исходот од кампањата на Брегзит, но дека Владата во Лондон немала докази за руска вмешаност.

Во истиот документ, Русија е опишана како непријателска сила која им се заканува на Обединетото Кралство и западните сојузници на различни фронтови – од шпионажа и кибер напади до мешање во избори и „перење валкани“ пари.

„Според сите извештаи, Русија смета дека Велика Британија е една од нејзините најзначајни разузнавачки цели“, се наведува во извештајот.