Песков: Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја прими вакцината кога лично ќе одлучи да го стори тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На новинарско прашање дали претседателот на Русија ќе се вакцинира јавно, Песков одговори дека претседателот ќе одлучи за тоа лично, пренесува агенцијата ТАСС.

Песков истакна дека рускиот претседател нема да се вакцинира се додека не се утврди со сигурност дали вакцинацијата може да биде штетна за луѓето постари од 60 години.

Тој додаде дека Претседателот очекува дека граѓаните на Русија да ја прифатат и разберат неговата приватност затоа што, како што рече, „кога граѓаните гласаат за претседателот, јасно е дека му оставаат можност да го задржи приватниот живот само за себе, надвор од центарот на вниманието на јавноста“.

На прес-конференција на 17 декември, Путин рече дека ќе се вакцинира што е можно поскоро и истакна дека ги почитува препораките на специјалистот.