Перуанската претседателка Болуарте и се извини на нацијата поради настраданите во протестите


epa10361981 Handout photo made available by the Presidency of Peru of Peruvian President Dina Boluarte, proposing bringing general elections forward by two years to April 2024 amid ongoing political tension. A state of emergency in areas where protests have erupted was also declared. EPA-EFE/Presidency of Peru HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

 

Претседателката на Перу, Дина Болуарте во обраќањето до нацијата се извини за десетиците смртни случаи во протестите низ целата земја во последните недели и повика на мир.

-Ја разбирам и ја споделувам вашата огорченост, рече Болуарте.

Таа одби да преземе одговорност за жртвите за време на протестите, велејќи дека лошите актери ги турнале граѓаните во „конфронтација“ и побарала од властите да истражат.

Досега најмалку 42 лица загинаа во насилните судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Државниот обвинител Патриша Бенавидес започна 11 истраги за да ги идентификува одговорните за смртта на цивилите за време на еден од најжестоките протести во земјата во последниве години.

Канцеларијата на јавниот обвинител во вторникот ја објави својата одлука да спроведе истрага против Болуарте, како и премиерот Алберто Отарола и министрите за одбрана и за внатрешни работи.

Перуанските власти наводно се под истрага по обвиненијата за „геноцид, квалификувано убиство и тешки телесни повреди“.

Протестите во Перу започнаа во декември 2022 година по соборувањето и апсењето на поранешниот претседател Педро Кастиљо, кој беше обвинет за бунт и заговор.

Дина Болуарте, дотогаш потпретседателка на Перу, беше именувана за претседател на државата.