Перо Антиќ: Наумовски не е разрешен, туку суспендиран


Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ појасни зошто Тони Симиќ, а не Михаил Наумовски ја предводи репрезентацијата до 18 години.

До пред промените во КФСМ селекторската функција ја извршуваше Наумовски, а по доаѓањето на новата раководна структура во федерацијата, довербата му беше доделена на Тони Симиќ.

Во соопштението на КФСМ стои дека Наумовски е суспендиран, а не разрешен и поради тоа Симиќ ќе ја врши селекторската функција.