Перформанс „Везилка-100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во Филхармонија

Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска вечерва ќе присуствуваат на перформансот „Везилка – 100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во режија на Зоја Бузалковска.
Перфомансот ќе се одржи во Филхармонија, а е дел од одбележувањето на 30-годишнината од независноста на државата во организација на Кабинетот на претседателот насловено „Слови на современоста-30 години независност низ уметностите.