Пензионирани обвинители го оставија Вишото обвинителство без здравствено осигурување


Тројца пензионирани, па вратени на работа обвинители, го оставија Вишото обвинителство без здравствено осигурување, јавува телевизијата „Алсат М“.

Административни пречки, е официјалниот одговор на Основното обвинителство зошто вработените во Вишото скопско обвинителство се без здравствено осигурување три месеци, откако телевизијата вчера објави дека околу 35 вработени не можат да се лекуваат во државните болници како осигуреници во Фондот за здравство, од обвинителството денеска уверуваат дека работат за да се надмине проблемот.

Како главна причина вработените да останат без здравствено осигурување било враќањето на работа на тројца обвинители во Вишото скопско обвинителство. Нив претходно Советот на обвинители ги пензионирал иако тие се противеле на тоа и сакале да продолжат да работат до 67 години.