Пензиите ќе се зголемат од 850 до 900 денари


фото: Б.Грданоски

Премиерот Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата на РСМ на тема Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.


-Буџетот за 2020 година предвидува зголемување на пензиите на возрасните лица. За 2020 година со Буџетот е предвидено зголемување на пензиите, имајќи ги во предвид економските параметри во изминатите две години- рече премиерот Заев.

Пензионерите заслужуваат, рече премиерoт Заев, тие одбработија за ова општество, потенцираше Заев.

Од 1 јануари следнава година, пензиите за сите корисници ќе се зголемат од 850 до 900 денари, поради растот на минималната плата и просечната плата.
-Минималната пензија е за жал 8 940 денари, а просечната пензија е околју 14 илјади денари- рече Заев.

Имено, во драфтот на предлог-буџетот за 2020 година, Владата самоиницијативно ја зголеми ставката за трансфери за пензии, иако самото Министерство за труд и социјална политика бараше зголемување од само околу 18 милиони евра. Со ваквото зголемување на средствата, сега се појаснува за што ќе бидат употребени дополнителните 64 милиони евра плус во споредба со 2019 година.