Пентагон согласен со отворање воена база во Полска
Полска доби зелено светло од Пентагон за воспоставување американска воена база на своја територија, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за национална одбрана Владислав, Косињак-Камиш.
„Имаме зелено светло од Пентагон за воспоставување постојана американска воена база во Полска. Преиспитувањето на распоредот на американските сили во Европа е при крај и сè се одвива во добра насока“, напиша Косињак-Камиш на социјалната мрежа Икс.
Тој појасни дека договорот бил постигнат по средбата со американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет.
Косињак-Камиш нагласи дека конечната одлука за воспоставување постојана американска воена база во Полска треба да ја донесе Белата куќа на почетокот на декември 2026 година.