Пентагон најави уште две милијарди долари помош за Украина


Во рамките на иницијативата за помош во безбедноста, Министерството за одбрана на САД синоќа објави дополнителна помош за Украина во висина од две милијарди долари. 

-Овој пакет помош ја потврдува неизменетата подршка на Соединетите Држави за Украина, со поставување дополнителни беспилотни летала, средства за детектирање и соборување дронови, средства за радио-електронска врска како и критично важна муниција за артилерија и средства за остварување прецизен артилериски оган, со што се зацврстува способноста на Украина да ја одбие руската агресија, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер. 

За соработата меѓу Иран и Русија, тој рече дека Иран се стреми кон таа соработка „по очигледи причини“. 

-Тоа говори кон какви мерки Русија е принудена да прибегне поради неспособност целосно да се потпре на сопствената одбранбена индустрија, губејќи снабдувачи и партнери како резултат на своите акции. А Иран влијае дестабилизирачки не само на Блискиот исток, туку сега извезува тероризам и во такви земји како Украина. 

Во врска со можното снабдување на Русија со кинеско оружје, Рајдер кажа дека САД засега не набљудуваат дека Кина поставува огнено оружје на Русија. 

-Кина е предупредена од државниот секретар Блинкен и министерот Остин како и од останати, за последиците доколку ја снабди Русија со огнено оружје. Новопредложениот мировен план на Кина вклучува и почитување на суверенитетот на сите земји. Така што, може да се надеваме дека тие го почитуваат правото на Украина да постои, и не размислуваат за потенцијално снабдување помош за убиство на невини Украинци и уништување на нивната земја. Продлжуваме внимателно да следиме околу сето ова.