Пендаровски за Судскиот совет: Кредибилитет на судството дополнително се намалува


 

Претседателот Стево Пендаровски денеска оцени дека настаните што вчера се случуваа во Судскиот совет не му доликуваат тоа тело кое има многу важна улога во судскиот систем. Преку соопштение за јавноста Пендаровски вели дека „се случуваа сцени кои не му доликуваат на телото кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем“.

Тој појаснува и како дошло до изборот на разрешената претседателка и потпретседателот Селим Адеми кза членови на Судскиот совет:

„Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на  Македонија“.

Стево пендаровски е единствениот политичар и од власта и од опозицијата кој засега даде оценка за вчерашните скандалозни случувања во Судскиот совет.