Пендаровски во Њујорк се сретна со германскиот претседател Штајнмаер
Претседателот Стево Пендаровски, кој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.
Двајцата претседатели размениле мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изразил најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница.
Пендаровски упати благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата. Пендаровски нагласил дека градењето на пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Македонија.
Двајцата претседатели размениле мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Македонија со Европската унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот. Пендаровски и Штајмаер разговарале и за последните случувања во регионот на Западен Балкан.