Пендаровски во Њујорк разговараше со Шолц

Претседателот Стево Пендровски, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк оствари средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц. АСпоред соопштението на неговиот кабинет тие разговарале за билатералната соработка меѓу Македонија и Германија, европската перспектива на земјава и актуелните случувања во регионот, при што Пендаровски информираше за текот на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.
Пендаровски изразил благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност од Германија како еден од нашите најблиски сојузници и изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.