Пендаровски во Давос разговараше со Џемс О’Брајан за патот кон ЕУ


 

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, оствари средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.

На средбата беше реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Македонија, и беше изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската унија.