Пендаровски телефонски разговараше со Радев


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на  Бугарија, Румен Радев, во кој му  честиташе на  Радев за стапувањето на должноста во вториот мандат и му посака успешх.

Кабинетот на Пендаровски соопштува дека двајцата претседатели разговарале за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави по неодамнешната посета на премиерот Кирил Петков на Скопје, како и претстојната меѓувладина седница во Софија.

Пендаровски ја истакнал подготвеноста на Македонија за интензивирање на дијалогот во наредниот период.  

Двајцата претседатели разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на Пендаровски на Софија.