Пендаровски со видеопорака се приклучи во одбележувањето на Месецот на дислексијата


Октомври е месец во кој во светот се зборува за дислексијата, се подигнува свеста за состојбата. Годинава во одбележувањето со своја видеопорака се приклучи и претседателот Стево Пендаровски.

Здружението за дислексија „Ајнштајн“ секоја година во октомври во Македонија го одбележува Месецот на дислексијата.