Пендаровски разговараше со припадници на Армијата во меѓународни мировни мисии
Македонската армија има свои припадници во четири мировни мисии во светот
Врховниот командант на вооружените сили, претседателот Стево Пендаровски, денеска преку видео-врска разговараше со припадниците на Армијата, распоредени во мировните мисии КФОР во Косово, Алтеа во Босна и Херцеговина, ЕУТМ-РЦА во Централноафриканската Република и УНИФИЛ во Либан.
Во текот на разговорот припадниците на мисиите го информираа претседателот Пендаровски за нивните должности и начинот на нивното извршување, за тековните активности, за предизвиците со кои се соочуваат во текот на реализирањето на своите задачи, безбедносното окружување, како и за моралот и здравствената состојба на мировниците.
Претседателот истакна дека благодарение на професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мировни мисии, Македонија дава значаен придонес за глобалниот мир и безбедност и се реафирмира нејзината позиција како доверлив партнер во евроатлантската заедница.
Пендаровски им ги честита новогодишните празници им им посака, натамошен успех во извршувањето на задачите, добро здравје и нивно безбедно враќање во татковината.