Пендаровски со патријархот Вартоломеј разговараше за статусот на МПЦ
Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со всленскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул повика на што поскоро решавање на статусот на Македонската православна црква. Пендаровски му рекол на Вартоломеј дека вселенскиот патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено, Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет посочил дека раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет. Важноста на улогата на вселенскиот патријарх е во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.
На средбата биле разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања во однос на интеграцијата на земјите во Европската унија, при што патријархот Вартоломеј нагласил дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.